Законот за рибарство и аквакултура, денеска ќе се најде пред пратениците во Собранието.

Според спортските риболовци, законот не нуди решенија за подобрување на состојбата и заштита на рибниот фонд, особено на загрозените ендемските видови пастрмка и белвица.

– Проблемот е што Охридското Езеро сеуште нема физичка заштита, а во Албанија каде сега се лови со 102 кајчиња, уловената риба за вештачки мрест не се враќа во езерото, посочуваат рибарите од СРД „Св. Апостол Петар“. Според нив  езерото џабе се порибува доколку секојдневно се вадат по 200  -300 мрежи со риба и џабе е доколку годишно се запленуваат 3-4000 мрежи, а се поднесуваат 5-10 кривични пријави од кои едвај една или две се процесуираат.