Во заклучокот од состанокот на кој пристуствуваа и претставници од Охрид и Македонија се наведува дека ЕМРФ е силен поддржувач на заштитата на здравјето на луѓето и животната средина, но исто така е силен поддржувач на слободата на избор. „Во тој контекст им сугерираме на сите држави од регионот да ги адаптираат законите така што на сопствениците на угостителските објекти ќе им остават можност да опслужуват и гости непушачи и гости пушачи, а сето тоа под посебни услови со кои ќе се води сметка за здравјето на луѓето, посебно на вработените“, стои во заклучокот од состанокот.
Законот за заштита од пушење
ги крена на нозе туристичките работници од регионот
На средбата во Кипар биле разгледани и други актуелни прашања, а станало збор и за активностите на неодамна формираната Евромедитеранска академија за туризам – ЕМАТ, која има за цел да го подобри квалитетот на персоналот во угостителството.