Новиот Закон за заштита од пушење го крши Законот за Јавна чистота во Охрид. Ова го потврдуваат фотографиите кои беа објавени на Веб страницата на Ј.П.”Охридски Комуналец”. На истите може да се забележи дека отпушоци од цигари се расфрлаат на сите јавно-прометните површини низ градот.



Комуналните служби кои во последниов месец поради оваа појава имаат зголемен обем на работа, апелираат до сите кафетерии, ноќни клубови и други правни субјекти од  Охрид, пред своите простории да постават соодветни садови или корпи, каде што граѓаните ќе може да ги фрлаат отпушоците.

Ohridnews