Законот за заштита од пушењето кој на сила стапи на 1-ви јануари, доследно се почитува од угостителите и пушачите во Охрид. Доколку на дочекот на Новата година и можеа да се забележат зачадени угостителски објекти, од вчера сликата е поинаква. Во кафулињата и рестораните отстранети се пепелниците, а на влезовите и масите се истакнати знаци за забрането пушење. Пушачите својата потреба  ја задоволуваа пред рестораните и кафулињата, па така инспекторите кои од вчера се на терен немаа забелешка на примената на Законот за заштита од пушењето.

Во меѓувреме, угостителите ја продолжуваат битката за измена на законот, кој според нив ќе има негативни последици по нивното работење. Тие очекуваат пад на прометот за половина, што ќе предизвика отпуштања и затворање на локалите. Поради тоа тие бараат измени во законот со кои под одредени услови ќе се дозволи пушење во угостителските објекти.

Ohridnews