Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локална појава на грмежи и засилен ветер, ќе преовладува во текот на денешниот ден. Локално врнежите ќе бидат поинтензивни. Кон крајот на денот поради продор на студена воздушна маса од север ќе има нагло опаѓање на температурите, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето, а веќе од петок не очекуваат нови врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на викендот. Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 6 степени, а максималната дневна ќе достигне до 19 степени Целзиусови.

OhridNews