Во текот на 2021 година, музеите и локалитетите на НУ Завод и Музеј – Охрид ги посетиле вкупно 98.812 домашни и странски посетители. Најинтересен за посетителите бил Музејот на вода – Залив на коските кај Градиште, а голем е интересот и за Самуиловата тврдина.

Најголем број на посети е забележан во „Музејот на вода“ кај Градиште – 49.643, а на Самуиловата тврдина имало 44.146. Значително помал број на посетители се евидентирани во музејот Куќата на Робевци – 3.642, и во Галеријата на икони – 1.381, велат од НУ Завод и Музеј Охрид.

Иако посетеноста на локалитетите и музеите во Охрид кои се под надлежност на НУ Завод и музеј Охрид вообичаено во зимскиот период е значително намалена во однос на летниот период, на почетокот на 2022 година се бележи зголемена посетеност на локалитетите и тоа за време на новогодишните и божиќните празници кога во градот беа присутни значително поголем број на домашни и странски гости.

 

OhridNews