Заливот на коските прераснува во туристичка атракција
Наколната населба во Градиште е реконструирана автентично на остатоците од праисториската неолитска населба во подводниот археолошки локалитет „Миќов град“. На платформата која се издига во Заливот на коските изградени се 24 неолитски куќички во кои се изложени предмети пронајдени за време на осум годишните археолошки истражувања на подводниот локалитет. Наколната населба со патека е поврзана со Римската тврдина која се издига во месноста Кула кај Градиште.