Од Одделението за односи со јавност при локалната самоуправа информираат дека градоначалникот и членовите на Советот на општина Охрид присуствувале на рамазанската вечера на покана и во организација на претставниците од весникот „ЗАМАН“.
На Рамазанската вечер која се одржа во петокот присуствуваа градоначалникот Никола Бакрачески, претставници на локалната самоуправа и членови на совет. Опозициските партии и коалиции реагираа дека до нив не пристигнала покана од никого за присуство на рамазанската вечера.