Заменик директорот на Агенцијата за странски ивестиции, Никола Шеќеровски во соработка со секторот за ТЛЕР изврши посета на компаниите во Охрид кои се бават со производство на производи наменети за странски пазар и кои поседуваат потенцијал за понатамошен развој.

– Основна цел на посетата беше  проширување на нивниот пласман како и привлекување на нови инвестиции за подобрување на квалитетот на производството, намалување на невработеноста и подобрување на економската клима во општина Охрид, информираат од локалната самоуправа.

OhridNews