Заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски ги поздрави учесниците и организаторите на Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ кој се одржува петта година по ред.
Со младите учесници на кампот од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и од Црна Гора, ќе работат истакнати поетски автори. Манифестацијата која трае до утре се одржува во Охрид, Струга, Вевчани, Белчишта и во Црвена Вода. Поетските работилници, годинава, ги води проф. д-р Милутин Ѓуричковиќ, истакнат српски поет, идеен творец, основач, сега претседател на Институтот за детска литература во Белград, член на Европската академија на науките и уметностите, информираат од Општина Охрид.

Организаторот на овој поетски собир е Друштвото за култура и литература „Мацково“ со поддршка на Општина Охрид.
OhridNews











