Заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Џабир Доко го посети основното училиште „Братство Единство“ во Охрид.

На средбата со директорот на училиштето Џемал Мехмед беше дискутирано за моменталната состојба на училиштето, како и за наставниот процес кој се одвива во три јазици. Доко се сретна и со наставниот кадар, како и учениците и од блиску се запозна со условите за настава информираат од кабинетот на заменик министерот.

Заменикот министер Доко изразил задоволство што има можност да го посети ова училиште каде што и самиот се образувал и истакна дека ОУ „Братство Единство“ во Охрид веќе повеќе од 7 децении претставува вистински пример на полето на мултикултурно образование, посакувајќи им успешна работа на наставниците и учениците.

OhridNews