Заменик Министерот за земјоделство Зоран Коњановски, зеде учество на трибината што синоќа се одржа во општина Дебарца. Тема на трибината беше новиот закон за земјоделски задруги односно задругарство и окрупнување на земјоделските парцели. 

Заменик министерот пред присутните го образложи новиот закон и функционирањето на задругите, посочувајќи дека со него земјоделците ќе имаат поголеми придобивки и поддршка од државата, а исто така полесно ќе ги пласираат производите.

Како што образложи Коњановски, менаџерот на задругите ќе добива плата од страна на државата во првите 5 години и тоа во првата година 100%, во втората 80%, во третата 60%, во четвртата 40% и во петтата 20%, кога се очекува задругата да застане на здрави нозе. Поволности ќе има во набавката на механизација каде што од страна на државата ќе има повраток на вложените средства во висина од 90%, беше истакнато на трибината.

OhridNews