Заменик министерот за информатичко општество и администрација, д-р Мирјана Секуловска учествува на 10-от Јубилеен Инфофорум за Информациска соработка и безбедност, што се одржува во Москва, Русија.  Таа имаше поздравно обраќање пред присутните, а исто така зеде учество и на Форумот за интернет Безбедност со презентација за „МАРнет – Македонска академска истражувачка мрежа во Р. Македонија и неговата улога во Интернет Безбедноста“.

На јубилејната конференција во Москва учествуваа  околу 900 експерти и  претставници на Парламентот на Руската Федерација,  од Владата на Руската Федерација, високи претставници од земји од Европа и Азија, претставнци од светски ИКТ компании и невладини организации.

Заменик министерот Секуловска имаше значајни средби со голем број учесници на Форумот, а  оствари и работен состанок со  М.И. Гришанков – копретседателот на Организацискиот комитет за подготовките на 3-от Интернационален Форум за безбедност во информатичкото општество кој ќе се одржи во Охрид од 13 – 16 Септември 2011 година.

OhridNews