Заменик министерот за одбрана од редовите на ДУИ, Арбен Лабеништа поднесе оставка од функцијата, од сите партиски позиции и од член на ДУИ, јавува Телма.

Лабеништа ова го објави вечерва на својот Фејсбук профил. Во подолгиот напис тој наведува бројни причини за неговото целосно повлекување, а се засноваат на неговото незадоволство од начинот на кој ДУИ се однесува во текот на актуелната политичка криза и од односот на Владата кон важните државни прашања.

-Нецивилизирани луѓе, неедуцирана демократија, недостатокот на етички и морални капацитети создава хаос, искористување, обесхрабрување, талог кој ќе ги покрие нашите напори за нашиот национален и општествен живот во иднина,пишува Лабеништа.

Тој најави дека својата оставка ќе ја достави до министерството за одбрана в понеделник.

Од ДУИ вечерва за Телма изјавија дека се уште немаат заземено став за овој случај и дека најверојатно во текот на вечерта партијата ќе излезе со соопштение во врска со оставката на нивниот висок партиски и државен функционер.

OhridNews
Извор: Тв Телма