Денес, со почеток во 16.30 часот во просториите на локалната самоуправа на општина Дебарца, во село Белчишта, ќе се одржи трибина од страна на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски.
На трибината можат да присуствуваат сите заинтересирани жители на општината, кои ќе имаат можност да се запознаат со низа новини и програми од областа на земјоделството и земјоделските задруги.
OhridNews