На барање на Локалната самоуправа, сопственикот на просторот кај некогашниот полигон за мали спортови, Г.П. “Гранит“, времено го стопира поставувањето на новата ограда.
Имено, со цел да го заштити имотот, сопственикот започна со замена на оштетената жичана ограда со масивни бетонски плочи, кои според Локалната самоуправа го нагрдуваат просторот, поради што е побарано работите времено да запрат, информираат од Одделението за односи со јавност при општина Охрид.
Спорд најавите на Локалната самоуправа, на местото на некогашниот полигон за мали спортови кој „Гранит“ го доби врз основа на извршно решение поради неплатени долгови на општината, се планира да се изгради објект од јавен интерес и деловен комплекс.
OhridNews