По кратко боледување на 70-годишна возраст почина познатиот македонски фудбалер Васил Рингов.
Рингов имаше блескава фудбалска кариера во која го носеше дресот на Беласица, Партизан од Белград и Вардар со кој ја освои титулата шампион на Југославија.
Од Рингов се простуваат играчи, тренери, познати личности, а почит му оддаде и Фудбалската федерација на Македонија.
Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство.
Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината.
Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег.
Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат.
Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра.
Почивај во мир, драг наш Вас
ФФМ
Васил Рингов ќе биде погребан денеска во Скопје.
OhridNews
Фото: ФФМ












