Во 72 година од животот, на 2 јануари, во Белград почина познатиот актер Марко Николиќ. Веста ја објави неговото семејство.

Николиќ е роден во Краљево, Србија, во 1946 година. Долги години беше член на „Народно позориште“, а глумеше во бројни серии и филмови. Голема популарност на просторите на поранешна Југославија стекна со улогата на Гига Моравац во култната серија „Болји живот“ на крајот од осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години. Добитник е на бројни награди и признанија.

Публиката на почетокот од новата година се прости од уште еден познат актер. Во 67 година од животот на 2 јануари почина и популарниот хрватски актер Иво Грегуревиќ.

Филмско деби Грегуревиќ имаше во седумдесеттите години. Глумеше и во бројни серии меѓу кои и во познатата „Вело мисто“. Голема популарност стекна со филмот „Чаруга“ од 1991 година. И тој е добитник е на бројни награди и признанија.

OhridNews