Кривичниот суд замрзна имоти на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои е и седиштето на партијата познатата Бела палата, потврдија од Основен суд Скопје.

  • Како суд ја потврдуваме информацијата дека судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, го уважи предлогот на обвинителството и изрече привремена мерка за обезбедување на недвижен имот на политичка партија опфатена во предлогот, стои во известувањето од судот.

Од СЈО иформираат дека дејствијата се преземени во рамки на предметот Талир и дека станува збор за вкупно 69 недвижнини.

Со оваа мерка се забранува продавање на конкретниот имот, како и давање под закуп на истиот.

OhridNews