Регионалната занаетчиска комора во Охрид го поздравува потегот на министерството за економија за доделување грантови во висина од 5000 евра за занаетчиите, наменети за набавка на опрема, алати и репроматеријали, како и за стручно оспособување и организрање на просторот.

Како што вели претседателот на Регионалната занаетчиска комора, Сашо Богоески, со овие средства ќе се придонесе кон зачувувањето на старите традиционални занаети, кои исчезнуваат последните неколку години.

Ќе помогне многу, затоа што има занаетчии кои користат средства за работа или алати стари и по 30,40, 50 години. Средствата ќе се користат наменски, за набавка на средства за работа, алати, едукација, вели Богоески.

Се очекува министерството за економија јавниот повик за доделување на грантовите да го објави во текот на наредните 10 дена.

На повикот ќе може да се пријават занаетчии кои најмалку шест месеци се регистрирани во Занаетчиската комора на Македонија или во некоја од 14. регионални и општински комори.

Повикот на министерството ќе биде отворен до 1 ноември годинава.

OhridNews