„Почитувани, би сакал јавно да Ве замолам да извршите поврат на моите средства кои ги уплатив по оглас бр. 1/2013 “Поставување на урбана опрема”. Мојата локација е откажана поради вашата некоординираност со Завод и Музеј – Охрид.“ – ова стои во јавното обраќање на охридски занаетчија, кој не успеал да добие локација за вршење дејност во летната туристичка сезона во Охрид.

Тој вели дека бил единствен пријавен за една од осумте локации, но по чекање од околу еден месец од надлежните служби во општината добил одговор дека не може да се оствари планот за поставување урбана опрема на предвидената локација, затоа што со истата стопанисува друга институција. Истиот додава дека не му била понудена друга локација, изразувајќи жалење што, како што стои во дописот, „надлежните институции не покажуваат ниту најмал интерес за занаетите во изумирање.

-За жал улиците се повеќе наликуваат на панаѓурот кој го гледавме изминатите години. И после повеќе од дванаесеттина години напорна работа прв пат пробав да се доближам до крајните потрошувачи но навистина не знам дали би се дрзнал повторно да побарам по сопствена желба, локација која ја издава мојата Општина.-стои во реакцијата на охридскиот занаетчија.

Од Локалната самоуправа најавија дека ќе го разгледаат случајот и ќе одговорат на забелешките на охридскиот занаетчија.

OhridNews