“Нероазурите“ потешко од очекувањата стигнаа до трите бода во дуелот со Џенова на Џузепе Меаца. По првиот дел Интер имаше негатива од еден гол, македонскиот репрезентативец Горан Пандев во игра влезе во вториот дел што одма се одрази и на резултатот. Пандев учествуваше во вториот погодок додека стрелец беше на четвртиот погогок за актуелниот првак во Серија А.
– Пандев беше клучен фудбалер во победата денеска над Џенова. Македонецот постигна погодок, работеше напорно за добро на клубот и многу сум среќен. Со маестралната игра, Пандев покажа дека може уште да сметаме на него а ние никогаш не сме ни сомневале во неговиот квалитет. Се надаваме дека ќе продолжи во ваков ритам и ќе имаме можност да го видиме онај стариот – смета капитенот на “нероазурите“ арентинецот Хавиер Занети.
Бодовната разлика помеѓу лидерот во Серија А Милан и второпласираниот Интер изнесува пет бодови.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...