По четири возбудливи дена исполнети со одличен футсал, неизвесни натпревари и многу емоции, вчера се заокружи групната фаза на турнирот Ohrid FREED 2025.

- МАГНА : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 2:4
- КОСТАЛ Македонија : Општина Охрид – 7:3
- Инекс Олгица Хотел и СПА : ЈП Охридски Комуналец – 2:1.

Најинтересно во групната фаза беше во групата Б каде трите екипи имаа ист број на бодови, но, согласно гол разликата во четвртфинале се пласираа екипите на ЈП Охридски Комуналец и Инекс Олгица Хотел и СПА. Благодарност до сите екипи за фер и борбена игра, до публиката за фантастичната поддршка кои создадоа вистинска спортска атмосфера во спортската сала „Билјанини Извори”, посочуваат.
Следуваат четвртфиналните дуели:
03.11.2025 (понеделник)
- Гранит X : Инекс Олгица Хотел и СПА – 20 часот
- Гостилница кај Мече : Костал – 21 часот
04.11.2025 (вторник)
- Провелд : ЈП Охридски Комуналец – 20 часот
- АСП ПАК : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 21 часот.
OhridNews
 
					




 
							







 
					