Западната страна од калето и потегот до „Грашница“, остануваат голем проблем не само за граѓаните кои живеат таму, туку и за градот во глобала.
Покрај самиот брег, веќе подолг временски период можат да се забележат најразилчни отпадоци, почнувајќи од оштетен контејнер, бела техника, градежен шут и цврсти неразградливи материјали кои сведочат за ниската еколошка свест на охриѓани.
Ништо подобро не е ниту во езерото и на плажите, каде покрај наносите од трска, можат да се забележат разни пакувања од детергенти, обувки и пластични шишиња.
Граѓаните и медиумите постојано апелираат до надлежните да излезат на терен и да ги расчистат дивите депонии на овој потег, но веројатно и тоа нема да промени многу доколку не се променат лошите навики.
О.Т.