Западниот Балкан доби свое место во Стратешкиот компас како идна воена стратегија на Европската Унија.
Во Документот се посочува дека „безбедноста и стабилноста низ Западен Балкан се се уште нецелосни поради растечкото странско мешање, кампањи за манипулација со информации, како и потенцијално прелевање од сегашната влошена европска безбедносна ситуација“.
Видливиот напредок во владеењето на правото и реформите засновани врз европските вредности, правила и стандарди треба да продолжат, а европската перспектива е стратешки избор, суштински за сите партнери кои бараат членство во ЕУ, се вели во Стратешкиот компас за Западен Балкан.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ на вчера одржаната средба дадоа зелено светло за Стратешкиот компас, а Документот треба да добие формална потврда на лидерскиот состанок на Унијата закажан за оваа седмица.
OhridNews











