Запалена греалка била причината за вчерашниот пожар што го зафати познатиот манастир „Трескавец“ кај Прилеп, пренесува Сител.

Греалката ја опожарила една од собите во комплексот, а пожарот поради силниот ветер се проширил низ конаците.Од огнената стихија,  спасена е црквата „Успение на пресвета Богородица“ која се наоѓа во центарот на комплексот, но целосно се изгорени новите конаци од манастирот.

Како што вчера информира Центарот за управување со кризи, во гасење на пожарот ангажирани биле три хеликоптери на АРМ, прилепската противпожарна единица, едно возило од битолската противпожарна единица, како и од јавните претпријатија.

Инаку, Трескавец е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата. Сместен е на десетина километри од Прилеп, на падините под Златоврв.

OhridNews
Фото: „Макфакс“