Мобилните царински екипи викендов во Охрид запленија моторен чамец-глисер, информираат од Царинската управа.


При вршење контрола на пловните објекти во водите на Охридско Езеро, царинските инспектори, во соработка со припадници на Капетанијата и Езерската Полиција, кај плажата „Горица 3“ запреле моторен чамец-глисер со италијански регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин.

При конролата е утврдено дека глисерот бил внесен во Република Македонија пред седум години без за него да биде спроведена соодветна царинска постапка и да бидат платени царински давачки, а сопственикот не поседувал никаква документација за да го докаже спротивното.

Инаку, глисерот, чијашто вредност се проценува на околу 183 илјади денари е привремено задржан, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Царината.

OhridNews