Во СВР Охрид, вчера, во 8 часот, било пријавено дека во близина на авто камп во Охрид, во близина на брегот на Охридско езеро, биле забележани три лица од Охрид, со риболовен алат и вреќи со улов, кои го напуштиле местото.
По издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во чамецот и била пронајдена поголема количина риболовен алат и улов од риба.
Предметите и уловот се подигнати за понатамошна постапка. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
OhridNews