Стоката која македонските цариници ќе ја запленат нема веќе да се уништува, туку ќе се пренаменува за социјално ранливата категорија, односно за оние семејства кои беа погодени од природно елементарните непогоди.

Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, одлуката е донесена со усвојувањето на измените во Законот за постапување со цариснки добра, со кој се предвиудува запленетатата стока да биде доделена на лицата кои настрадаа од природните непогоди.

Инаку, во пооплавие што ја зафатија земјава минатата недела, настрада имотот на 831 семејство, односно 3800 лица.

OhridNews