Дваесет и седум борови стебла од бесправна сеча се запленети во спроведена акција од страна на шумочуварската служба од Подружница Галичица од Охрид, во Шумско стопанската единица Мазатар, оддел 135.

Запленетата количина на обло и ситно техничко дрво од бел и црн бор, во количина од 5,5м3 е транспортирана до складот на подружница Галичица, информираат од ЈП Национални шуми.

Додаваат дека против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews