Вчера вечер во 22,00 часот, полициски службеници од Езерска контрола Охрид, вршејќи патролна служба во водите на Охридското езеро, на потегот од хотел Метропол до АК Елешец, на оддалеченост од 500 метри од  брегот,  пронашле 25 рибарски мрежи со должина од по 50 метри, со улов на риба белвица 155 парчиња, со вкупна тежина од 17,7кг.

Пронајдениот риболовен алат  е однесен во ПС “Езерска контрола“  Охрид, а уловот е предаден на А.Д.Инекс-Горица Охрид, соопшти МВР.  

OhridNews