Вкупно 3.976 парчиња петард, 86 ракети и два топовски удари, запленила струшката полиција, на градскиот пазар во Струга.
Против лицето кај кое се пронајдени пиротехничките средства, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Инаку Секторот за внатрешни работи од Охрид во текот на изминатиот период го спроведуваше проектот за Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства „Биди ѕвезда не фрлај петарди“. Во рамките на проектот пред учениците од шесто до деветто одделение во сите охридски основни училишта ќе бидат реализирани повеќе практични типизирани предавања како превентивни и едукативни мерки. Во реализиција на активностите од проектот беа вклучени службите од Отсекот за превенција при СВР Охрид.
OhridNews