Вчера, во времето од 11,30 до 14,30 часот, при вршење патролна служба од страна на Езерската полиција во водите на Охридското езеро на потегот: Плажа „Куба Либре“, дискотека „Парк“-Канео на оддалеченост од околу 1000 метри од брегот на езерото, пронајдени биле 20 рибарски мрежи со улов на 104 парчиња риба – Белвица, со вкупна тежина од 11кг.
Пронајдениот риболовен алат е изваден од водите на езерото и е донесен во Полициската станица за понатамошна постапка.












