Денес, од страна на езерската полиција, во водите на Охридското Езеро на потегот кај Пештани пронајдени се и одземени 27 рибарски мрежи и 8,2 килограми риба белвица.

Денешната акција е дел од континуираните акции кои ги спроведува  езерската полиција со цел сузбивање на нелегалното ловење риба во Охридското езеро. Само во текот на овој месец, во два наврати беа запленети  поголем број рибарски мрежи и уловена риба белвица.  

OhridNews