
Според главните уредници на весниците, запленувањето на возилата претставува дрзок обид за цензура.
„Ова е еден дрзок обид на власта да се спречи дистрибуцијата на трите дневни весници, да се спречи тие да стасаат до своите читатели и повторно да се изврши еден обид да се заведе цензура и гласот на критичката јавност да не стаса до оние на кои им е наменет“, изјави за А1, Бранко Геровски, главен и одговорен уредник на „Шпиц“.
За Коле Чашуле, главен и одговорен уредник на „Време“, ова е уште еден преседан во низата што ги прави власта.
Уредниците на весниците најавија дека дистрибуцијата на „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре, и покрај отежнатите услови ќе продолжи.
OhridNews












