
Како што веќе информиравме, во акција што беше спроведена на 10 мај од десет специјализирани дуќани низ градот беа одземени 14.000 незаконски копии на ЦД-а и 3000 ДВД-ја , а како што информираше Мите Костов, претседател на Координативното тело за заштита на интелктуалната сопственост, биле запленети и повеќе пиратски ЦД-а и од две физички лица кои вршеле незаконска продажба во чаршијата.
дел од запленетата “пиратерија“
Две продавници во кои се продавале „пиратски“ ЦД-а и тоа „ЗЗ Топ“ и „Кукузел“ (обете на ул. Цар Самоил) се времено затворени на 30 дена, а против лицата кај кои е затекната незаконската стока ќе бидат поднесени соодветни пријави соопшти МВР.
“Кукузел“ под клуч
Повеќето од инспекторите вклучени во акцијата биле од Охрид, но имало и од Скопје. Ова не е прва ваква акција во Републиката. Пред Охрид имало вакви „посети“ и во Скопје, Велес, Битола и Куманово.
Костов информираше дека тука нема да се запре со акцијата и дека предмет на проверка во иднина ќе бидат и медиумите и сите други правни субјекти кај кои постои сомневање дека го прекршуваат законот за заштита на интелектуална и индустриска сопственост.
С.К./Г.М.














