Албанската полиција во градoт Поградец заплени оружје и муниција, кои според првичните сомнежи требало да бидат внесени во Македонија, пренесуваат албанските медиуми, јавува „Макфакс“.

Албанската телевизиска станица ТОП Канал информираше дека оружјето и муницијата било запленето во градот Поградец, кај албанскиот граѓанин Реди Химетлари. Покрај полуавтоматска пушка, биле пронајдени и 720 куршуми.

OhridNews
извор:„Макфакс“