Се асфалтира велосипедска патека на дел од булеварот „Туристичка“ во правец на плажите информираат од Општина Охрид.
Започнаа активности за асфалтирање на велосипедската патека на булеварот „Туристичка“ од кружниот тек со улицата „Јане Сандански“ во правец на охридските плажи. Должината на патеката изнесува околу 500 метри, велат во соопштението.
Активностите, додаваат, се реализираат во рамки на програмата за подигнување на урбаната мобилност од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици.
OhridNews













