Граѓаните од муслиманска вероисповед, денес, традиционално го организираа обичајот на принесување на  курбанот- жртвата, со што започна  славењето на големиот празник  Курбан Бајрам. На традиционалниот верски обичај присуствуваше и градоначалникот Јован Стојаноски  кој упати празнични честитки по повод големиот празник на граѓаните од муслиманска вероисповед.

  • До граѓаните од муслиманска вероисповед упатувам искрени честитки по повод верскиоит празник Курбан Бајрам, со желби празникот да го минете во радосна атмосфера во кругот со најблиските и пријателите. Празникот нека Ви  донесе среќа и бериќет во семејства и да продолжите со традицијата на овој ден да им помагате на Вашите сограѓани кои се во ризични социјални ситуации, за да можат и тие да ја збогатат празничната трпеза. Тоа е знак на солидарност, хуманост и радост, вредности кои се темел на градење на соживот со другите етнички заедници и просперитет на Охрид и Република Македонија – рече градоначалникот Стојаноски

По повод празникот, на денешниот обичај како курбан беа принесени петнаесет глави крупен и ситен добиток, од кој беа приготвени пакети со месо со тежина од 5 до 8 килограми, кои ќе бидат поделени на 300 сиромашни семејства.

Во името на организаторите,Фаик Бајрам изрази  благодарност до градоначалникот Јован Стојаноски и Локалната самоуправа за поддршката на овој настан, со уверување дека и во иднина ќе се почитува долгата традиција на взаемно почитување и изградба на заедничка подобра иднина за сите граѓани.

OhridNews