Деновиве започна четвртиок циклус работилници на клубот за уметници „АРС Вивенди“, кој веќе неколку години функционира во рамките Општинската организација на Црвен крст Охрид.

Часовите кои се реализираат во просториите на општинскиот Црвен крст секој вторник и сабота од 20:00, односно 19:00 часот, ги води долгогодишниот активен волонтер на оваа организација, Милан Србиноски.

На часовите можат да пристапат сите заинтересирани кои наполниле 14 години и имаат афинитети да влезат во светот на уметноста, односно да ги надградат своите знаења.

OhridNews