Како што веќе информиравме, на сила е нов сообраќаен режим според кој во периодот од 9 до 12 часот е забрането паркирање и на дозволените места за паркирање по целата должина на булевар „Туристичка“, на улицата „Македонски просветители“ од „Охридска банка“ до кружниот тек, „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Гоце Делчев“, „Питу Гули“ и „7-ми Ноември“.
Ова се прави за да им се овозможи на службите задолжени за одржување на патишта во зимскиот период непречено да ги чистат коловозите од снегот.
На улиците каде се применува новиот сообраќаен режим, во назначениот период, возилата се отстрануваат со специјалното возило „пајак“ и се пренесуваат до најблиското место, а сопствениците на подигнатите возила треба да се обратат до Полициската станица каде ќе добијат информација каде се наоѓа нивното возило.
Измената во режимот на сообраќај ќе биде во сила се додека за тоа има потреба, односно додека траат врнежите од снег.