Синоќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански музички плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото „Трицкл“ составено од студенти и дипломци на џез академијата „Гоце Делчев“ од Штип.

И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското Eзеро 21-ви јуни, а еколошка порака гласи: „Езерото не е контејнер, чувај го чисто!“.
Организатор на Фестивалот Балкански музички плоштад е продуцентската куќа „Трето Уво“, а истиот е поддржан од Министерството за Култура и туризам на Македонија и Општина Охрид.
OhridNews












