На летната сцена „Долни Сарај“, синоќа свечено беше отворено тринаесетото издание на фестивалот „КАНЕОФЕСТ 2014“ , што го организира ТВ „Морис“ со поддршка на општина Охрид.
На свеченото отворање, заменик- градоначалникот Ангел Јанев на учесниците им посака успешни фестивалски денови и многу хитови.
„Ќе се согласите со мене, традиција, достојна за почит, за гордост, како на организаторите така и на сите нас, гордост на овој волшебен Охрид. Заеднички, посакуваме, со песната на овие млади луѓе, и ова фестивалско издание на КАНЕОФЕСТ, да ја остави трагата која ја оставаше и досега во нашата музичка и културна историја.“ – рече Јанев.
На првата фестивалска фолк вечер беа изведени дваесет нови композиции, а во ревијалниот дел настапија Јордан Митев и КУД „ Младост“ од Кичево.
Вечерва ќе биде посветена на поп- музиката и ревијален настап на неколку познати имиња од македонската естрада.
OhridNews