Експерти од Машинскиот факултет од Скопје во каналот Студенчишта започнаа со вештачење на бродот „Илинден“. Истрагата треба да ги утврди причините кои доведоа до големата несреќа во која загинаа 15 бугарски туристи.
Вештаците вршеа премер и фотографираа одредени делови од бродот „Илинден“. Според најавите целата постапката ќе трае неколку дена.
Претходно истражниот судија од Основниот суд во Охрид, Весна Кичеец, која го води случајот, на експертите им го достави целосниот извештај од истрагата, кој треба да им помогне на вештите лица во експертизата. Во Охрид денеска не допатуваа стручните лица од Хрватска и Словенија, кои ќе учествуваат во вештачењето во подоцнежната фаза.
Бродот „Илинден“ на 5-ти септември потона во водите на Охридското Езеро во близина на авто кампот Елешец. Во несреќата се удавија 15 патници, а повеќе од 40 беа спасени. Единствен осомничен за несреќата засега е капетанот на бродот, Сотир Филески, а од вештачењето ќе зависи дали истрагата евентуално ќе биде проширена и на други лица.
Популарното охридско музичко дуо Броз и Марама и Емилија Маринова, вечерва со емотивна објава го промовираа видео спотот за песната “Убава жена”, кој го реализираше прерано починатиот с...
Преку проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“ на Центарот за развој на Југозападен плански регион обезбедена опрема за ЈП„Водовод“ Охрид Станува збор за два режачи за пили...
Денеска, тим од Општина Струга го започна претставувањето и промоцијата на градот на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул Проектот, како што посочуваат од Општината, се реализира со финансиска...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.