Деновиве, по налог на општина Охрид започна реализацијата на првата фаза од хортикултурното уредување на булеварот „Железничка” , како и новиот парк кој ќе биде лоциран на пешачката патека која води до поранешен хотел „Парк”.

Во првавата фаза од активностите, на булеварот „Железничка“, жардинерите се полнат со плодна земја, по што ќе следи и засадување на украсните садници и сезонско цвеќе.

Во рамки на првата фаза од активностите за уредување на новиот парк, на просторот наменет за негова изградба се нанесува слој плодна земја, по што ќе следи и доуредување со поставување на инфраструктурни елементи, систем за наводнување, реквизити и хортикултурно уредување на просторот.

OhridNews