Започна имплементацијата на проектот „Граѓаните одблиску, катна гаража во Охрид“. Шестмесечната иницијатива ја имплементира Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ – Охрид кој имено е и единствен грантист од подрачјето на Општина Охрид.

Претстедателот на здружението Вахид Мемед вели основната цел на иновативната иницијатива е транспарентноста и граѓанската партиципативност во процесот на урбанистичко планирање при делот за икзградбата на катна гаража во општина Охрид.

Тоа подразбира добивање на релевантни податоци за граѓаните во врска со постапките, досегашните реализирани активности и споделување на проблемите при реализација на истите со цел граѓанска котрибуција во процесот на нивно надминување, додава Мемед.

Граѓанската партиципативност подразбира не само учество во процесот на донесување на одлуките, туку и во контролата на реализацијата на политиките и нивното преиспитување, вели д-р Никола Ѓоршоски координатор на проектот.

Имено, проектот би ја анимирал охридската јавност во врска со едно од најекспонираните локални прашања изминатиов период, а од друга страна би овозможило поголем увид на јавноста во актуелните случувања, динамиката и останатиот дел од активностите што локалната самоуправа ги спроведува по ова прашање, бидејќи темата е кај политичките партии е актуелна само во предизборниот циклус, додава Ѓоршоски.

На тој начин, потенцира Ѓоршоски би се зацврстила и продлабочила релацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа, што би резултирало со потранспарентна и поотчетна локална власт, што е предуслов за добро владеење и демократски развој.

Ние практично од први ноември ја започнавме имплементацијата на проектот, вели Елена Ристеска, мобилизатор на заедницата.

Јас како мобилизатор на заедницата до овој момент земав учество на три сесии работилници со колеги од граѓански организации од цела територија на Македонија. Имено, до овој момент поднесено е и официјално барање за средба со градоначалникот д- р Кирил Пецаков, исто така до локалната самоуправа е поднесено барање за добивање на физибилити студијата, за кој како мобилизатор на заедницата искрено се надевам на позитивен одговор и добра соработка со општината, додава Ристеска.

Иницијативата за проектот е во рамките на „Поддршка на изборните реформи во државата“ поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација, а спроведуван од Меѓународната фондација на изборни системи (ИФЕС).

OhridNews