– Овој Свет Крст е симбол на нераскинливата христијанска и братска љубов помеѓу донаторот и Крсто Мукоски од Вевчани. Светиот крст ќе биде дополнителен подстрек за засилување на братските врски помеѓу верниците на Охрид и Вевчани и во знак на трајно пријателство, рече на чинот на осветувањето на каментемелникот на крстот, свештеникот Зоран Попоски .
На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски кој заедно со Грозаднов , симболично ги фрлија првите лопати на камен темелникот .
Како што информираат од локалната самоуправа од Вевчани, изградбата на крстот се очекува да заврши за околу еден месец.
.