Во месноста Бејбунар денеска на свечен начин беше означен почетокот на изградбата на источната трансферзала која во голема мерка треба да го растовари одвивањето на сообраќајот во Охрид, особено во летната туристичка сезона. Во првата фаза ќе бидат изградени 850 метри од бензинската пумпа Билјанини извори до Бејбунар и уште 150 метри од тука до ул. „Баталјон Мирче Ацев“.
Започна изградбата на источната транферзала
Почетокот на работите гo означи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој истакна дека до крајот на оваа година улицата ќе биде пробиена и пошљунчена, а догодина истата ќе биде асфалтирана. „Оваа улица е од големо значење не само за граѓаните кои гравитираат во овој дел на градот, туку и за туристите кои ќе патуваат од плажите кон Битола, со што во многу ќе се растовари сообраќајот на лето“, рече Петрески.
Тој напомна дека покрај оваа улица, годинава ќе биде пробиен и патот од старата автобуска до „Туристичка“, ќе биде завршена улицата „Живко Чинго“, а ќе биде изградена и новата улица помеѓу Жито Леб и Монополот која ќе ги поврзе населбите 15 Корпус и Видобишта. Петрески во изјава за медиумите најави и завршување на канализационата мрежа и колекторскиот систем во Велгошти, Лескоец и Пештани со што како што рече, Охрид 95% ќе биде опфатен со канализација.
Денес со почеток од 19:00 часот во Охрид Мол, како дел од детската програма на Општина Охрид за најмладите, Културата расте со децата „За сите деца“, драмското студио „ЦВЕТ 75“ ќе одигра две театар...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарк...
Во текот на седмата недела од 2026 година (09-15022026), во Македонија се пријавени 1150 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 11,9% помалку во споредба со претход...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.