Денес започна изградбата на канализационата мрежа во Горно и Долно Лакочереј. Како што информираат од Локалната самоуправа, предвидено е зафатите да завршат во месец мај идната година.

Реализацијата на проектот за изградба на канализационата мрежа во Горно Лакочереј, во должина од 5, 5 километри и во  Долно Лакочереј со должина од 6 километри, во целост се финансира со средства од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews