Започна изградбата на првиот од шесте кружни текови на „Туристичка“
06.06.12 15:07
Со свеченост што се одржа денеска на пладне, започна изградбата на првиот од шесте предвидени кружни текови на булеварот „Туристичка“.
-Охрид е прва општина која воведе кружни текови за регулација на сообраќајот. Продолжуваме со тие активности од крстосницата кај поранешна Охридија каде до почетокот на главната туристичка сезона ќе биде изграден кружен тек.Оваа инвстицијата ќе чини околу 100.000 евра, а додека се гради кружниот тек сообраќајот нема да биде запрен и ќе се одвива тековно, изјави градоначалникот Александар Петрески.
Градоначалникот информираше дека паралелно ќе се гради кружен тек и на пресекот на „Туристичка“ со улицата „Бистрица“, а во наредната фаза вакви сообраќани решенија ќе има и на најпрометните крстосници кај „Макси Д“ и „Охридска банка“, како и на пресекот на Туристичка со „Абас Емин„ и „Стив Наумов“.
Петрески тврди дека општината има согласност од надлежните институции за преземените активности кои според него во голема мера ќе го растоварат сообраќајот во градот, особено во шицот на туристичката сезона.
-Знаеме како да ги решаваме проблемите во областа на сообраќајот затоа што имаме десетина сообраќајни инженери во локалната самоуправа, а и јас самиот сум сообраќаен инженер, истакна Петрески.
Петрески истакна дека паралелно со изградбата на кружниот тек ќе се решава и проблемот со водата кој го има овој простор, за што ќе бидат направени соодветни испусти за атмосферската канализација. Исто така ќе се решаваат и другите инфраструктурни проблеми, како што се струја, телефонија, кабелска и слично, додаде Петрески.
Раководителот на секторот за собраќај при општина Охрид, Зоран Шикалески, истакна дека за реализација на проектот е изготвена соодветна проектна документација од надлежен орган, согласно која општината добила дозвола за работа.
-Дијаметарот на кружницата надворешно изнесува 45 метри, а внатрешно 28 метри, лентата околу неа ќе биде широка 8 метри, што овозможува да се изведат две сообраќајни ленти кои комотно ќе можат да го примат целиот сообраќај на булеварот „Туристичка“. Исто така, ќе бидат запазени сите патраметри во однос на сигнализацијата и осветлувањето, а асфалтната подлога ќе се изнивелира и ревитализира, изјави Шикалески.
Според него изградбата на кружните текови на „Туристичка“ ќе придонесе за поголема безбедност и ќе овозможи поголем проток на сообраќај.
-Со изградбата на кружните текови протокот на сообраќај на „Туристичка“ ќе се зголеми десеткратно, уверува Шикалески.
Од локалната најавуваат во иднина проширување на булеварот „Туристичка“, при што ќе се води сметка да биде зачувано зеленилото. Со тоа ќе се овозможи надолжно паркирање на булеварот, без тоа да се одрази на протокот на сообраќај, велат од локалната самоуправа.
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од К...
Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св Апостол Павле Охрид опслужи...
На 16092025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17092025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.